Останато Спорт

Џејкобс ќе настапи на Светското првенство во Јуџин

Италијанската атлетска асоцијација потврди дека Марсел Џејкобс ќе биде дел од Светскиот шампионат што ќе се одржи во Јуџин.

Олимпискиот шампион од Токио на 100 метри, кој беше дел и од штафетата 4 пати по 100 метри што се закити со златото во последно време имаше проблеми со повреди и поради тоа не беше дел од серија натпреварувања што се одржуваа во досегашниот тек од сезоната.

По учеството на Светското првенство во сала што се одржа во Белград, Џејкобс настапи само на два помали митинзи.

“Сите негови проблеми со повредите се решени. Тој повеќе не чувствува болка, редовно тренира и се надеваме на добри резултати на Светскиот шампионат”, изјави неговиот тренер Паоло Камоси.

Светското првенство во Јуџин ќе се одржи во периодот од 15 до 24 јули.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе