Преку неформални канали се одлеваат над 2,5 милијарди евра годишно – пари кои наместо во домашниот Бруто-домашен производ завршуваат во приватни џебови. Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“ измери дека сиварта економија во 2020 година опфаќа 23,2 проценти од Бруто-домашниот производ. Според истражувањето- недовербата во системот- односно нискиот даночен морал на населението, високота корупција и неефикасните институции- се главните причини граѓаните наместо легално, да се обидуваат да заработат заобиколувајќи го системот.
Сепак трендот е опаѓачки. Сивата економија од 2006 до 2020 година е намалена од 31,6 на 23,2 проценти. Најголемо намалување на сивата економија имало со воведувањето на рамниот данок, потоа за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата.Од институтот се децидни дека високите казни не се лек за сузбивање на сивата економија- туку функционалните институции.
Сивата економија не е проблем само во земјава, туку иста е сликата на цел западне балкан, освен Хрватска каде таа е околу 10 проценти од БДП.Главните препораки од истражувањето се дека треба да се редизајнира даночната политика- да се јакнат капацитетите за прибирање на даноци и даночниот морал кај граѓаните. Минималната плата да не се зголемува брзо туку да расте со растот на продуктивноста. Како и да се зголеми ефикасноста на јавната администрација за да се намали товаропт врз приватниот сектор.
Александра Филиповска