Вести Економија Македонија Топ вести

Сивата економија „jaде“ над 2,5 милијарди евра – „Finance think“ пресмета- таа опфаќа 23,2 % од БДП

Преку неформални канали се одлеваат над 2,5 милијарди евра годишно – пари кои наместо во домашниот Бруто-домашен производ  завршуваат во приватни џебови. Институтот за економски истражувања и  политики „Finance think“ измери дека сиварта економија во 2020 година опфаќа 23,2 проценти од Бруто-домашниот производ.  Според истражувањето- недовербата во системот- односно нискиот даночен морал на населението, високота корупција и неефикасните институции- се главните причини граѓаните наместо легално, да се обидуваат да заработат заобиколувајќи го системот.

Сепак трендот е опаѓачки. Сивата економија од 2006  до 2020 година е намалена од 31,6 на 23,2 проценти. Најголемо намалување на сивата економија имало  со воведувањето на рамниот данок, потоа за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата.Од институтот се децидни дека високите казни не се лек за сузбивање на сивата економија- туку функционалните институции.

Сивата економија не е проблем само во земјава, туку иста е сликата на цел западне балкан, освен Хрватска каде таа е околу 10 проценти од БДП.Главните препораки од истражувањето се дека треба да се редизајнира даночната политика- да се јакнат капацитетите за прибирање на даноци и даночниот морал кај граѓаните. Минималната плата да не се зголемува брзо туку да расте со растот на продуктивноста. Како и да се зголеми ефикасноста на јавната администрација  за да се намали товаропт врз приватниот сектор.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе