Ракомет Спорт

ФОТО галерија: Ракометарките достоен противник на силните Норвежанки

Македонската женска ракометна репрезентација во претпоследниот дуел од ЕХФ Купот е поразена од Норвешка со 24:18, но составот на Љубомир Савевски во две третини од натпреварот беше рамноправен противник.

Македонските ракометарки пружија силен отпор на фаворизираниот противник, а клучни за поразот беа завршните петнаесетина минути кога се направија неколку грешки, а гостинките успеаа да ги казнат и на крајот заслужено стигнаа до победа.

Најефикасна во нашиот тим со шест гола беше Јована Саздова, Моника Јанеска постигна четири, а Сара Ристовска три погодоци. На голот блескаше Јована Мицевска со 14 интервенции.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе