Вести Свет Топ вести

Додека чекале да се качат на воз да избегаат загинаа 35 цивили во Украина, на проектилите пишува „За Децата“ – Русија негира

Почна битката за Донбаскиот регион на Украина. Руските сили ја гранатираа единствената функционална железничка станица, од каде се евакуираа цивилите. Додека илјадници луѓе чекаа, две бомби се фрлени врз станицата во гратчето Краматорск. Загинаа над 35 луѓе, меѓу нив деца и жени, а повеќе од стотина се повредени. На снимките се гледаат десетици расфрлени тела и личен багаж на луѓе кои брзаа да го фатат последниот воз за да избегаат од ужасот кој следи. Оние кои биле подалеку, сведочат дека за две минути имало десетина експлозии. На остатоците од проектили на руски пишува ЗА ДЕЦАТА. Ова е зло кое нема граници, рече украинскиот претседател Зеленски, обраќајќи се во парламентот во Финска.

Преполно со луѓе, кои чекаат воз за да се евакуираат на безбедна територија. Ги убија овие луѓе. Има сведоци, има видеа, има остатоци од проектили и мртви луѓе, 30-тина се убиени и 300 ранети во овој момент, рече Зеленски. 

Но, Русија негира дека се дел од овој напад. Преку мрежата Телеграм, соопштија дека овој наводен ракетен напад е провокација и невистина. Руското министерство за одбрана вели дека проектилите кои се гледааат на видеото ги користат само украинските вооружени сили.

Нападот доаѓа во момент додека руските сили се подготвуваат за масовна операција во источна Украина за целосно да ја преземат контролата врз Донбаскиот регион.

Цела ноќ траеше гранатирањето на неколку градови во овој регион, а цивилите се кријат во подрумите. Се бомбардира од Црното Море што најавува најнова мега тактика во воената офанзива, која ќе биде и покрвава.

Украина тврди дека и покрај тоа што руските сили се повлекоа од дел од окупираните градови на север, светот допрва ќе види за какво уништување е способна Русија.  Веќе една недела како е ослободен градот Чернихив, но луѓето се плашат да излезат на улиците и се уште живеат во скривниците.

Сега сме колу 60 луѓе тука, најмногу луѓе кои ги загубија домовите, и луѓе во чии куќи не може да се живее. Еден момент тука имаше 600-тини луѓе, спиеја едни врз други, вели  ЈУЛИЈА БОМБЕР, АДВОКАТ И ЖИТЕЛ НА ЧЕРНИХИВ

Во Киев веќе е пристигната претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаејн. На нејзин предлог, по долги дискусии, членките на Европската Унија одобрија нови санкции против Русија, кои вклучуваат ембарго за увоз на руски јаглен, дрва и вотка. Анализите велат дека главната војна ќе се води во Донбаскиот регион, а како ќе зголемува воената помош за Украина, и вмешаноста на НАТО, ризиците од ескалација на глобално ниво стануваат се поголеми.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе