Вести Свет Топ вести

Британија: Времето за соработка со Русија заврши, време е НАТО да се зајакне

Според Би-Би-Си, британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ќе им каже на колегите од НАТО во Брисел дека „времето за соработка со Русија заврши“.

На работната вечера на министрите за надворешни работи на НАТО, министерката ќе рече дека „не е време за лажни утеха“, бидејќи, иако Русија ги повлекува своите сили од околината на Киев, Русија не ја напушта Украина.

Наместо тоа, Москва се „прегрупира и се подготвува за нов, пожесток напад“ во источна и јужна Украина, ќе рече Трас.

Таа исто така ќе рече дека „време е НАТО да го зајакне својот одговор и да преземе стратешка акција“.

„Потребен ни е нов пристап кон безбедноста во Европа заснован на отпорност, одбрана и одвраќање“, рече Трас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе