Вести Ковид19 Македонија Топ вести

По ден без жртви, повторно починати од Ковид-19 во државата

Во последните 24 часа се регистрирани нови 195 случаи на КОВИД-19, од направени  2.249 тестови. Починале две лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид. Оздравени се 207 пациенти.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 107, Битола 16, Охрид 11, Прилеп и Кавадарци по 9, Велес, Струмица и Делчево по 4, Гостивар, Кичево, Кочани и Крушево по 3, Куманово, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Демир Капија по 2, Тетово, Струга, Радовиш, Берово и Пробиштип по 1.

Од вкупниот број на позитивни (195), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола и Кавадарци – по 15, Охрид – 11, Струга – 7,  Куманово – 6, Прилеп – 5, Велес – 4, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 3, Делчево, Гостивар, Штип, Валандово и Неготино – по 2, Радовиш и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (3) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.249 тестови преку: ИЈЗ-259, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–8, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–176, Жан Митрев (Филип Втори)-36, Авицена-48, Биотек-44, Систина-32, лабораторија Лаор-59, Синлаб-8, Ремедика-22, Плодност-22, Генеа-7, Никоб Лаб-187, ВФВ Медикал-21, Ели Медика Плус-21, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.010.

Досега во земјата се направени вкупно 1.974.520 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе