Соединетите Американски Држави најавија дека ќе деблокираат дополнителни 100 милиони долари помош за Украина за да може земјата да се спротивстави на руската инвазија.
На Украина „итно и требаат повеќе противтенковски системи Javelin, кои САД и ги доставија на Украина и кои успешно се користат во одбраната на земјата“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
„Светот беше шокиран и згрозен од злосторствата извршени од припадниците на руските сили во Буча и низ цела Украина“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Десетици тела беа откриени во украинскиот град Буча по повлекувањето на руските војници.
„САД и нашите сојузници и партнери силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, додаде тој.
Шефот на американската дипломатија потврди дека со оваа дополнителна помош, вкупно 1,7 милиони долари американска одбранбена помош и се доделени на Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.