Вести Свет Топ вести

Украина објави листа со имиња и броеви на пасоши на руските војници виновни за масакрот во Буча

Украинската разузнавачка служба објави листа на која се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча.

Списокот, објавен на веб-страницата на разузнавачката служба што работи во рамките на Министерството за одбрана, содржи имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши и чинови на околу 2.000 војници.

„Воени злосторници директно вклучени во извршувањето на воените злосторства против украинскиот народ во Буча“, напишаа тие, цитирајќи ги членовите на 64-та одделна моторизирана пешадиска бригада на 35-та армија.

Истата е придружена со пораката: „Запомнете! Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред лицето на правдата за злосторства извршени врз цивилното население на Украина“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе