Србија бира нов претседател, на вонредни избори и нов состав на Собранието, како и локална власт во 12 градови, услови на затегнати односи власт – опозиција, која гобојкотираше претходниот собраниски состав изгласан пред две години. Излезноста до 16 часот, според Изборната комисија е 41,56 % од вкупното гласачко тело.
Марија Дивитарова ги следи изборите во Белград.
- Верувам дека луѓето ќе изберат продолжување на економскиот развој и дека Србија може да биде меѓу најбрзорастечките економии во Европа, чија економија е најбрзо растечка во Европа. Секако како што можев до сега да слушнам, се помина во најдобар ред, па верувам дека така ќе продолжи. Што се однесува до личните очекувања, верувам во значајна и убедлива победа и верувам дека секој ќе го добие она што го заслужува, според тоа колку работеше и разбирливо, согласно очекувањата на граѓаните за иднината. Во иднина секогаш е најважно да се зачува мирот, стабилноста и да се обезбеди суштински економски развој, изјави Александар Вучиќ, претеседател на Србије и лидер на владаачката Српске напредна партија.
- Што се однесува до изборите, тие се одвиваат во политички деликатни околности. Кога велам деликатни, мислам на изборни услови, мислам на медиумската сцена, мислам на условите за официјална кампања. Искрено се надевам дека самиот изборен ден ќе помине како што треба. Она што е најважно политички, внатрешно-политичката ситуација во Србија е деликатна. Србија е длабоко, длабоко поделено општество. Се надевам дека овие избори ќе означат крај на таквата состојба во Србија и дека ќе означат влез во период на нормалност, понормални односи во нашето општество, крај на овие вештачки поделби, подобри односи со нашето соседство, поизвесна иднина, стабилен живот и подобра перспектива, рече Здравко Понош, кандидат на опозицијата и поранешен началник на Генералштабот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.