Вести Свет Топ вести

Парламентарни избори во Унгарија

Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска ќе се изјаснат за нов состав на Парламентот.

На владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ќе и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.

Според анкетите Фидес има минимална предност пред коалицијата Обединети за Унгарија, а според експертите ова се неизвесни избори.

Првпат изборите во Унгарија ќе ги следат 200 меѓународни набљудувачи.

Покрај изборите, денеска се одржува и референдум за ЛГБТ образование во училиштата.

Додека унгарскиот националистички премиер Виктор Орбан бара четврти последователен мандат на функцијата, изборната кампања беше преоптеретена со војната во соседна Украина.

Орбан вели дека мирот и стабилноста на Унгарија зависат од тоа дали неговата партија Фидес ќе освои уште еден мандат и ќе остане неутрална во конфликтот, додека коалицијата на опозициските партии ги нарекоа денешните избори- референдум за иднината на Унгарија кон Запад.

Обединети за Унгарија, шестпартиската опозициска коалиција, го критикуваше десничарот Орбан за одржување на неговите блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин дури и додека беснее војната. Пред само неколку недели, Орбан објави дека влогот на парламентарни избори е дали неговата мала централноевропска земја може да се одбрани од „родовото лудило“ што го прегази Западот. Но, сега, додека беснее војна во соседна Украина, стратегијата на Виктор Орбан за освојување четврти последователен мандат се префрли од разгорување страсти околу поделени културни прашања, како што се ЛГБТ содржината во медиумите и вознемиреноста поради миграцијата, кон она што тој го опишува како егзистенцијален избор: мир и безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе