Вести Свет Топ вести

Кина одбива да воведе санкции против Русија

Кина го повтори својот став дека одбива да воведе санкциите против Русија откако вчера највисоките претставници на Европската унија побараа гаранции од Пекинг дека нема да и помогне на Москва да ги заобиколи економските мерки наметнати како одговор на руската инвазија на Украина.

Во ова пропадна надежда дека Пекинг ќе го искористи своето влијание како голема сила и постојана членка на Советот за безбедност на ОН за да ја убеди Русија дека треба да стави крај на војната.

Кинеското Министерство за надворешни работи рече дека улогата на Кина не треба да се преценува и дека нејзината нормална трговија со другите земји не треба да биде засегната од војната што не ја започнала Кина.

  • Кина не е поврзана страна со кризата во Украина, ние не мислиме дека нашата нормална трговија со која било друга земја треба да биде засегната. Дури и Европа ако ја води вашата нормална работа со Русите, вие не ја прекинавте целата ваша трговија со Русите. Значи, нашата нормална трговија со Москва не треба да биде засегната бидејќи вработувањето и животниот стандард на Кина исто така зависат од трговијата со сите земји, вклучително и со Русија- Ванг Лутонг, Оддел за европски прашања при МНР на Јапонија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе