Вести Свет Топ вести

Руската армија запленила 14 тони хуманитарна помош за Мариупол, обвинува Киев

Украинското воздухопловсктво извршило воздушен напад врз воен склад за гориво во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина. Во нападот нема загинати, и сѐ уште не бил потврден од Киев, иако Москва, која повеќе од еден месец бомбардира украински градови, веднаш реагираше дека ваквите постапки се контрапродуктивни за мировниот процес.

„Секако ова не е нешто кое би можело да биде сфатено како создавање удобни услови за продолжување на разговорите.“

Доколку Киев ја потврди одговорноста за нападот, тоа ќе биде многу значајно затоа што од почетокот на инвазијата на Украина, нејзиното воздухопловство е речиси невидливо, но овој напад докажува дека не е поразено.

За време на преговорите во Истанбул на почетокот на неделата, Русија соопшти дека значително ќе ги намали воените операции во насока на Киев и Чернихив, како знак за добра вољја и поттик на мировните преговори. Повлекувањето на руската армија е веќе забележано на терен.

„Продолжува делумното повлекување на руските опкупаторски сили од регионот северно од Киев кон границата со Република Белорусија. Го набљудуваме движењето на конвоите составени од различна опрема и квалитет.“

Но, многумина во Украина се сомневаат во нивните искрени намери.

„Никој не верува. Ние нема да се предадеме поради руски ветувања. Многу случаи во оваа војна како и други претходни војни го докажуваат тоа. Подготвени сме за секое сценарио бидејќи знаеме дека не се бориме против цивилизирана армија.“ – изјави Валериј Ембаков, бригаден генерал на Украинската армија.

Но воените аналитичари во руското повлекување од Киев, и претходните движења на руските дивизии, препознаваат концентрирање на руската армија за голема офанзива на Донбас. Тоа го потврдуваат и информациите на украинската армија.

„Во Донбас, во Мариупол и во насока на Харков, руските сили концентрираат ресурси за силни напади.Ќе ги браниме и ќе направиме се што можеме за да ги запреме окупаторите и да ја ослободиме нашата територија од нивните злобни и бесчуствителни злосторства.“ – вели украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Во меѓувреме денеска ќе се направи уште еден обид за евакуација на цивилите во Мариупол, водена од Црвениот крст. Но украинските власти обвинија дека руските сили ги автобусите кои биле испратени и конфискувале 14 тони хуманитарна помош во храна и лекови.

„За жал, хуманитарната помош беше заробена од окупаторите. Тоа се 14 тони храна и лекови. Ова е цената на договорите, ова е цената на гарнациите дадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, дека хуманитарните коридори ќе бидат гарантирани и ќе функционираат. Преговараме за враќање на автобусите, за да можат жителите на Мариупол утре да заминат за Запорожје.“ – тврди украинскиот вице премиер, Ирина Верешчук.

Синоќа рускиот претседател потпиша декрет со кој им се наложува на сите западни земји кои купуваат руски гас плаќањето да го вршат во рубљи. Одлуката е со цел да се заобиколат санкциите од западните земји и да се ограничи можноста за замрзнување на средствата кои Русија ги добива од продажбата на енергенси.

Во исто време, денеска во Њу Делхи пристигна и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во обид да се зголеми рускиот извоз на нафта во земјата, преку нов систем за плаќање кој не ги прекршува меѓународните санкции. Индија е голем трговски партнер на Русија, и една од ретките држави кои не ја осудија инвазијата на Украина.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе