Вести Свет

Лавров пристигна во Индија. Се огласија САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера пристигна во Индија и Њу Делхи, а денеска ќе се сретне со индискиот премиер Нарендра Моди. Си-Ен-Ен пишува дека висок функционер на индиската влада рекол дека Моди ќе ја повтори важноста за ставање крај на непријателските акции.

Лавров ќе оствари средба и со индискиот министер за надворешни работи Субрахмањам Џаишанкар. Во пресрет на неговата посета на Индија, САД се огласија преку портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Тој рече дека секоја земја има свои односи со Русија.

„САД не се обидоа да го променат тоа, туку побараа од земјите да се изјаснат против неоправданата, неиспровоцирана руска агресија, повикувајќи на прекин на насилството користејќи опции што ги имаат земјите, вклучително и Индија. Некои земји ќе имаат поголемо влијание од другите поради долгогодишни односи со Русија“, рече Прајс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Дијабетичарите без современа терапија – бараат решение од министерот

Дејан Дејан

Скопјанец е првата жртва во пожарите, на Блаце се гаси од земја и од воздух

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе