Вести Свет Топ вести

Се отвора коридор во Мариупол

Руските сили најавија дека денеска повторно ќе го отворат коридорот за евакуација од опколениот град Мариупол до Запорожје. Според украинските власти, конвоите вчера имале неколку проблеми, вклучително и руските војници кои запленија хуманитарна помош и блокираа автобуси.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека војската повторно ќе го отвори хуманитарниот коридор од јужниот град Мариупол до Запорожје на 1 април на барање на лидерите на Франција и Германија. Коридорот ќе биде отворен од 10 часот по московско време, а руските војници ќе постават попатна станица во јужниот град Бердјанск, соопшти Министерството.

Украинската министерка Ирина Верешчук изјави дека околу 100.000 цивили останале заробени во градот, кој со недели бил бомбардиран од руските сили.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) има намера да помогне да се олесни безбедното минување на цивилите од Мариупол.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе