Вести Македонија Топ вести

Драги Рашковски: Не сум виновен и правно не го разбирам обвинението – Русковска тврди дека набавувал софтвер заради лично богатење

„Семантички ми е јасно обвинението но како правен акт не. Апсолутно не се чувствувавм виновен“, рече Драги Рашковски пред судот во воведните зборови на првото рочиште против него.

По, две одложувања заради истекот на мандатот на обвинителката во предметот Ивана Трајчева, во судницата воведените зборви ги превзема нејзината шефица Вилма Русковска која пред судот ќе ги изложи воведните зборови и ќе обајсни за што го товари поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и уште 6 обвинети. Па, Русковска пред судот ќе каже:

„Во оваа постапка преку докази ќе го увериме судот дека обвинетиот Драги Рашковски нерационално и непродуктивно ги трошел народните пари за камери, кабини коишто дел не се наоѓаат во просториите на Владата и никој нема објаснување. Ќе докажеме дека ја злоупотребил положбата за свои лични материјални цели.

Софтверот за препознавање на брзина на возила и изрекување на казни не се користи и по две години од набавувањето со оглед на зсконската регулатива како пречка, факт кој го знаел Драги Рашковски. Нема надлежност да снима и издава казни. Тука има друга позадина а тоа не е во делот на грижата за гаѓаните туку позадината е патентот лична сопственост на обвинетиот Драги Рашковски.

Ќе докажеме дека овој софтвер не се употребува на само заради начинот на набавката туку и дека е нефункционален.

Оваа постапка придонесе граѓаните да дознаат дека се потрошени 4.000.000 милиони денари за нешто што не е функционално и ставено во употреба.

Опремата ова скапо и непотребно задоволство не чини вкупно 6.000.000 денари кабини и камери за софтвер за кој уште немало обезбедено софтвер а ниту една институција не и се потребни.

А, ќе докажеме дека целта е нивното лукаративно однесување на сите обвинети.

Рашковски сакал материјално да го материјализира својот личен патент преку оваа постапка но без да има потреба или соодветна постапка,”, додава Русовска во своите воведни зборови за предметот против поранешниот генсек на Владата Драги Рашковски. Случај во кој се обвинетите седуммина за злоупотреба на службената положба и перење пари за набавка на сообраќаен софтвер, но и примање пари на рака од вработување во владиниот секретаријат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревијална трка со велосипеди, ролерки, тротинети и трка на родители со бебешки колички – Скопје утре под посебен сообраќаен режим

Дејан Дејан

Против воведување на еврото, сакаат да го задржат левот – протести во Бугарија против влез во монетарната унија

Дејан Дејан

ОЈО: Градоначалничката Арсовска да ги посочи парцелите за кои се сомнева дека има незаконитости

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе