Норвежанецот Мариус Линдвик води во редоследот по две одржани серии на Светскиот шампионат во ски летови што се одржува во Викерсунд.
Лидвик забележа летови од 232,5 и 226,5 метри и се наоѓа на чело со пет поени пред Штефан Крафт од Австрија која доскокна на 225,5 и 230 метри.
По две серии на третата позиција се наоѓа Словенецот, Домен Превц со прелетани 231,5 и 222,5 метри.
Светскиот шампионат завршува утре, а почетокот на третата серија е закажана за 16 часот и 30 минути.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.