Нови 340 случаи на КОВИД-19 од 2557 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие починале две лица, а преку Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ пријавени се уште девет починати. Регистрирани сe 526 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новодијагностицираните 340, во Скопје се 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен по осум, Гевгелија – седум, Кичево и Радовиш по пет нови случаи, Кочани – три, Неготино, Берово и Богданци по два, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија имаат по еден новозаразен.
Од вкупниот број позитивни (340), 56 се реинфекции.
Двајцата починати во изминатите 24 часа се од Скопје (84) и Кичево (75) и починале во болнички услови. Пријавените девет починати пациенти согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ се со датум на смрт од 16 февруари до 4 март 2022 и се на возраст од 63 до 93 години. Четворица од нив се од Скопје и по еден од Куманово, Гостивар, Свети Николе, Крушево и Гевгелија. Петмина починале во домашни услови, а четворица во болница.
Од вкупниот број починати лица, кај осум се регистрирани коморбидитети.
Од оздравените 526 пациенти во изминатите 24 часа, од Скопје се 262, Велес – 29, Куманово – 28, Прилеп – 25, Битола – 24, Кавадарци – 23, Тетово – 22, Гостивар – 21, Ресен – 16, Гевгелија – 12, Кичево – девет, Радовиш, Кочани и Неготино по седум, Берово, Богданци и Охрид – по четири, Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар имаат по тројца оздравени, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија по двајца и по еден оздравен од КОВИД-19 имаат Струмица и Свети Николе.
Епидемиолошки анализи на вкупно заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 140 127, Активни 1291
Куманово 16 319, Активни 106
Битола 14 366, Активни 113
Прилеп 13 689, Активни 122
Тетово 13 353, Активни 73
Кавадарци 10 215, Активни 85
Велес 9528, Активни 96
Гостивар 9467, Активни 31
Охрид 8542, Активни 33
Штип 7920, Активни 22
Струмица 7915, Активни 14
Кичево 5455, Активни 38
Кочани 4985, Активни 12
Струга 4656, Активни 20
Гевгелија 4288, Активни 33
Неготино 3622, Активни 20
Ресен 2618, Активни 40
Свети Николе 2605, Активни 5
Радовиш 2484, Активни 12
Крива Паланка 2382, Активни 14
Делчево 1900, Активни 0
Дебар 1648, Активни 13
Берово 1630, Активни 6
Валандово 1460, Активни 4
Виница 1350, Активни 5
Пробиштип 1259, Активни 4
Богданци 1004, Активни 5
Кратово 942, Активни 9
Крушево 908, Активни 2
Демир Хисар 815, Активни 9
Македонски Брод 731, Активни 3
Демир Капија 581, Активни 4
Македонска Каменица 521, Активни 3
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 0
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 300 106 од направени 1 910 601 тестирања. Оздравени се вкупно 288 761 пациенти, 9097 починале, а активни случаи во државава има 2248.