Дарио Ивановски и Андреас Трајковски освоија медали на Балканскиот шампионат во атлетика во сала.
Ивановски во трката на 3000 метри стигна до сребрениот трофеј и на целта пристигна со време од 7 минути 58 секунди и 48 стотинки што е нов државен рекорд.
Во скок во далечина Трајковски забележа должина од 7 метри и 62 сантиметри и за само три сантиметри беше покус во однос на македонскиот рекорд, а овој резултат беше доволен за освојување на бронзата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.