Војната во Украина продолжува сериозно да влијание врз спортот. Руските и белоруските спортисти, спортски клубови и репрезентации најмногу ги трпат последиците. Откако најголемиот дел од меѓународните организции изрекоа разни санкции за Русија и Белорусија, денеска својата одлука ја соопшти и Интернационалниот параолимписки комитет во пресрет на стартот на Игри во Пекинг.
Русија и Белорусија ќе можат да настапат на параолимписките игри во Пекинг, кои во петок ќе го имаат свеченото отворање, а во сабота почнуваат со натпреварите. Спортистите од овие две земји можат да се натпреваруваат, но само како неутралци под знамето на Интернационалниот комитет. Нема да фигурираат во табелата за медали и нема да се интонираат нивните химни на победничкиот подиум.