Свет Топ вести

Лавров ги повтори барањата на Москва кон Украина за да прекинат насилствата- признавање на отцепените републики во Донбас и денацификација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повтори барањата на Москва кон Украина за да прекинат насилствата- признавање на отцепените републики во Донбас и денацификација. Тој рече дека на Украинците ќе им биде дозволено да го изберат својот пат понатаму по завршувањето на судирот. Според него Русија не е изолирана има свои бројни пријатели и сојузници на меѓународната сцена.

  • Претседателот јасно го изнесе нашиот став. Нашата делегација ги изнесе на преговорите што се одржаа со Украинците во Белорусија. Крим е дел од Русија, признавањето на Доњецката и Луганската народна во границите на овие области, демилитаризација, која мора да има параметри за кои допрва треба да се договориме, но не би требало да постои вооружување коешто може да ја загрози безбедноста на Русија и денацификација, исто како што фашистичка Германија беше подложена на таква постапка- Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работи на Русија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе