Светската банка објави дека подготвува 3 милијарди долари итна помош за Украина, од кои најмалку 350 милиони долари би можеле да бидат ослободени оваа недела.
„Подготвуваме пакет за поддршка од 3 милијарди американски долари во наредните месеци, почнувајќи со брза исплата од најмалку 350 милиони долари што ќе бидат доставени до Одборот за одобрување оваа недела“, се вели во заедничката изјава на Светската банка со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
По оваа исплата следуваат 200 милиони долари „за здравство и образование“, се вели во соопштението од Светска банка и ММФ.
„Длабоко сме шокирани и тажни од разорните човечки и економски последици од војната во Украина“, соопштија Светската банка и ММФ, кои имаат намера „итно“ да ја зголемат помошта за Киев.
„Луѓето се убиени, ранети и принудени да бегаат, а се прави огромна штета на физичката инфраструктура на земјата. Ние стоиме покрај народот на Украина преку овие ужасни настани“, додаваат двете институции.
Светската банка соопшти дека нејзиниот пакет помош ќе вклучува „мобилизирање средства од неколку развојни партнери“.
Од своја страна, ММФ нагласува дека ќе го користи „својот инструмент за брзо финансирање“ што неговиот одбор на директори би можел да го испита „од следната недела“.
Фондот, исто така, потсетува дека 2,2 милијарди долари веќе ќе бидат достапни „до крајот на јуни“ според друг инструмент наречен „стенд-бај аранжман“.
Овој договор се користи за „брзо одговор на потребите за надворешно финансирање на земјите и за поддршка на политиките насочени кон надминување на кризни ситуации“.