Вести Свет Топ вести

Писмо до НАТО за реакција: БиХ е во опасност, Вучиќ и Додик можат да војуваат, НАТО мора да реагира

Поранешните високи претставници на меѓународната заедница за БиХ, Кристијан Шварц-Шилинг и Валентин Инцко упатија драматичен апел до лидерите на Европската унија и НАТО да го заштитат Западен Балкан, а особено БиХ, од сценарио слично на украинското во тој дел на Европа.

Плановите за воспоставување голема Србија сè уште се живи.

Во заедничкото писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Шварц-Шилинг и Инцко предупредија дека лидерот на босанските Срби Милорад Додик и српскиот претседател Александар Вучиќ би можеле да ја искористат руската агресија врз Украина и да предизвикаат инциденти или дури нова војна.

„Србија и Република Српска не ги постигнаа своите цели од 1990-тите. Покрај тоа, тие негуваат многу блиски односи со Русија. Затоа, се плашиме дека сегашната агресија против Украина може да се прошири на Западен Балкан, пред се во Босна и Херцеговина и Косово. “, велат тие во заедничкото писмо, чија содржина  ја цитира Дојче веле.

Како најдобро решение за да се спречи избувнување на нова криза на европско тло, тие предлагаат „што побрзо и небирократски да се прими БиХ во ЕУ“ и посочуваат дека тоа е еден вид морална обврска со оглед на фактот што Унијата воведе ембарго за оружје.

Инцко и Шварц-Шилинг сметаат дека планот на Додик за отцепување на Република Српска се уште е жив.

Затоа тие ги повикаа НАТО и генералниот секретар Столтенберг да му дадат „цврсти гаранции на народот на БиХ дека нема да останат на цедило, како што беа пред 30 години“.

Тоа, предлагаат тие, треба да се направи со преземање на неопходните чекори за да се спречат заканите за постоењето на Босна и Херцеговина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: Tреба да се испорача она што беше договорено во 2022 година – Нема веќе за што да се договараме

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Граѓаните кои се во неповолна финансиска положба имаат право на бесплатна правна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе