Светската пливачка федерација е една од ретките која се уште нема објавено санкции за спортистите од Русија и Белорусија.
ФИНА барем во моментов нема намера да им забрани настап на пливачите од двете земји, но тие на меѓународните натпреварувања може да учествуваат со неутрален статус односно без државни одбележја и име на државата.
Спортистите од Русија и Белорусија во следниов период може да бидат дел од поединечните и екипните натпреваувања, но и оваа одлука ќе зависи од развојот на ситуацијата во Украина. ФИНА донесе и одлука да му се одземе почесниот одреден кој му беше доделен во 2014 година.