Вести Свет Топ вести

Кличко: Русите се на периферијата на Киев. Ќе се бориме

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, во видео порака предупреди дека руските сили се на периферијата на Киев, додавајќи дека украинската армија е „подготвена да го брани главниот град“.

Нашите вооружени сили и територијалната одбрана херојски се борат за нашата земја, рече Кличко.

„Се градат тврдини на влезовите во градот. На сите им порачувам да останат мирни. Не излегувајте непотребно и останете во засолништа во случај на вонредна состојба“, рече тој.

Според последните информации, огромен руски воен конвој, долг повеќе од 64 километри, е оддалечен од Киев околу 27 километри. Во претходна видео порака, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека одбраната на Киев е „владин приоритет“.

„Киев е посебен. Ако го заштитиме Киев, ќе ја заштитиме и државата. Тоа е срцето на нашата земја и мора да продолжи да чука“, рече Зеленски. Во своето обраќање, користејќи ја истата метафора, Кличко рече дека „руските сили сакаат да го заземат срцето на нашата земја“.

„Ќе се бориме, нема да го оставиме Киев на непријателот“, додаде Кличко.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе