Вести Економија Свет Топ вести

Цената на нафтата се зголеми на 106 долари ИЕА ќе ги активираат резервите за стабилизирање на пазарот

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се искачија до 106 долари, бидејќи најавите за координирана продажба на нафта од стратешките резерви не ги ублажија стравувањата од прекини во снабдувањето поради руската инвазија на Украина и санкциите против Москва.

Цената на барел нафта со датум на испорака во мај на лондонскиот пазар порасна за 7,83 долари во однос на претходното затворање, на 105,8 долари.

На американскиот пазар со барели се тргуваше во договори со рок на испорака во април за 8,27 долари повисоки, на 103,99 долари.

Пазарите внимателно ја следат руската агресија врз Украина.

Економската изолација на Русија денеска се продлабочи откако големата логистичка компанија „Маерск“ објави дека ќе го прекине контејнерскиот сообраќај со Русија. Велика Британија им забрани влез во нивните пристаништа на сите бродови кои на кој било начин се поврзани со Русија.

„Сензитивната ситуација на Украина и финансиските и енергетските санкции против Русија ќе продолжат да ја поттикнуваат енергетската криза и ќе ја одржат цената на нафтата далеку над 100 долари за барел на краток рок, а може да бидат повисоки доколку конфликтот дополнително ескалира“, смета Луиз Диксон од Ристад енерџи.

Големите нафтени и гасни компании, вклучително БП и Шел, најавија повлекување од операциите и заедничките вложувања во Русија, додека францускиот Тотал соопшти дека нема планови за дополнителни инвестиции.

Претходно, меѓународната агенција за енергија (ИЕА) соопшти дека земјите-членки се согласиле да ослободат 60 милиони барели нафта од нивните резерви за итни случаи за да го стабилизираат пазарот по руската инвазија на Украина.

Одлуката – донесена од 31 земја членка на управниот одбор на ИЕА – има за цел да „испрати обединета и силна порака до глобалните пазари на нафта дека нема да има недостиг во залихите“ како резултат на конфликтот во Украина, се вели во соопштението.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе