Вести Свет Топ вести

ВИДЕО: Емотивно обраќање на Зеленски во Европскиот парламент: Докажете дека сте Европејци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во живо се обрати пред Парламентот на ЕУ, кој одржува вонредна седница за ситуацијата во Украина.

Во емотивното обраќање тој рече дека најголемиот плоштад во Европа во Харков, наречен Плоштад Слобода, вчера бил погоден од две руски ракети и дека загинале неколку луѓе.

„Секој главен плоштад во нашата земја ќе се вика Плоштад Слобода. Тоа нема да не скрши“, рече тој.

„Докажете дека сте со нас, дека нема да не оставите, докажете дека сте Европејци. И тогаш животот ќе ја победи смртта, а светлината ќе ја победи темнината. Слава на Украина“, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе