Вести Свет Топ вести

Шефот на НАТО: Испраќаме повеќе оружје во Украина

Сојузниците на НАТО ќе и достават на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави денеска на Твитер генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека имал уште еден телефонски разговор со украинскиот претседател.

„Само што разговарав со претседателот Володимир Зеленски и го пофалив за храброста на народот и вооружените сили на Украина“, рече Столтенберг.

„Сојузниците на НАТО ја засилуваат поддршката со ракети за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, како и со хуманитарна и финансиска помош“, додаде тој.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе