На претпоследниот ден од 24-тите Зимски олимписки игри поделени се медали во седум дисциплини. Поради лошите временски услови одложена е трката во паралелен слалом во екипна конкуренција.
Силниот ветер и ниските температури го принудија организаторот да ја скрати патеката и наместо на 50 километри, нордијците минаа 30. Триумфираше Русинот Александар Болшунов стигна до третиот златен трофеј во Пекинг и на крајот триумфираше со пет и пол секунди подобро време од сонародникот Иван Јакимушкин, а трет е Симен Хегстад Кругер од Норвешка.
Македонскиот репрезентативец Ставре Јада го освои 56-тото место од вкупно 59 натпреварувачи и зад победникот заостана 14 минути.