Русија и Финска ќе играат во големото финале на хокеарскиот турнир на Зимските Олимписки игри во Пекинг.
Бранителот на тронот Русија на пенали ја елиминираше Шведска. По регуларниот период резултатот гласеше 1-1, а немаше голови во продолженијата. На пенали „зборнајата“ славеше со 2-1 и тоа во осмата серија, а херој беше 20-годишниот Арсени Грицјук.
Финска ја совлада Словачка со 2-0. Сакараи Манинен погоди во првиот период, а точка на победата стави Хари Песонен во последните секунди од средбата, кога Словачка играше без голман. Финците по втор пат во својата историја ќе се борат за златниот медал.
Финалето помеѓу Русија и Финска е закажано за во недела, а во мечот за бронзата ќе играат Словачка и Шведска.