Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Матичните лекари утре нема да издаваат рецепти и да закажуваат термини за пациентите – ќе бидат примени само итните случаи

Вратите на матичните лекари утре ќе бидат затворени за сите освен за итните пациенти. Оние коишто примаат хронична терапија и по распоред утре би оделе по лекови, повикани се денес да дојдат затоа што гневот на докторите кон властите ќе се одрази и врз пациентите. Приватните матични лекари утре ќе седат во ординација, но со исклучени телефони и недостапни за оние обични редовни пациенти коишто освен со различни хронични болести, се јавуваат и заради позитивни тестови или нешто поврзано со Ковид.

Ние ќе бидеме на нашите работни места, итните пациенти нормално дека ќе ги примиме, но нема да има рецепти, „Мој термин“, фиксните телефони ќе бидат исклучени. Навистина, вршиме неколку операции – прегледи, порачки на Вибер и Месинџер, пациенти бараат закажување на термини, меѓудругото и за ПЦР тестови, проверки дали се позитивни или не на тестовите. Во овие две и половина години ние немаме мир! вели претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова – Дервишова.

Револтот на матичните лекари е заради неколкуте неисполнети барања коишто ги имаат. Покачувањето на минималната плата за нив само  ја прелило чашата. Матичните лекари во помалите места и онаму каде што има поголема смртност отколку наталитет сега се соочувале со вработени коишто бараат да добиваат минималец од 18 илјади денари, сметките за струја им се огромни и капитацијата опаѓа.

Ако досега во тие мали места каде што нема народ докторите имаат многу малку капитација, сега тие треба и да го следат чекорот и препораките на Владата за минималната плата. Но, ако Владата не нѝ дава средства и не наплаќаме од народот тогаш колегите се под притисок и немаат од што да ги покачат платите. Колегите коишто се концесионери добија сметки за струја од 26 до 34 илјади денари коишто се навистина надвор од здравиот разум, вели Чолакова – дервишова.

Протестот за утре е предупредувачки, велат од Здружението на приватни лекари. За утре е најавена и средба на претседателката заедно со заменик-министерот за здравство Рендевски за да му ги предочат барањата и да добијат некое ветување. Велат, не очекуваат уште одма да се решат овие проблеми на матичните лекари.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кампањата не е почната, нападите врз кандидатите – да

Дејан Дејан

„Водовод“: За еден ден потрошени 350.000 метри кубни вода

Дејан Дејан

Филков го правда изборот на неговиот посебен советник за член на Програмскиот совет на АСЈО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе