Во завршницата на Игрите во Пекинг, организаторите се соочуваат со лоши временски услови и поради тоа решија да направат измена во распоредот на натпреварувањата.
Прогнозите дека в сабота се очекуваат екстремно ниски температури кои ќе достигнат до минус 22 степени целзиусови, домаќинот донесе одлука биатлонската трка на 12 и пол километри во женска конкуренција да се одржи утре кога и покрај силниот ветер се очекува нешто повисока температура и максимумот ќе биде -17. Почетокот на трката е закажан за 11 часот по средноевропско време.