Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Уставно дозволени се КОВИД вакцинални сертификати за влез во трговски центри, кафеани, дискотеки и спортски сали, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за укинување на КОВИД сертификатите поднесена од скопјанецот Николче Марушевски.

Марушевски сметал дека употребата на Ковид сертификати за извршена вакцинација за влез во угостителски објекти, шопинг центри, на спортски натпревари и во други затворени објекти е неуставна бидејќи се ограничува правото на движење на невакцинираните граѓани иако во Законот за заштита на населението од заразни болести не била пропишана таква мерка, обврска или друг механизам.

Судијата известител Вангелина Маркудова на седницата рече дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи Одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со КОВИД-19, врз основа на препораките на СЗО.

И уставниот судијата Дарко Костадиновски се согласи дека Одлуката на здравствените власти е разумна, легитимна и е за општото здравје на граѓаните.

Поради тоа не беше поведена иницијатива за оценување на уставноста на Одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест КОВИД-19 и сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе