Клеман Ноел имаше фантастично второ возење и успеа да триумфира на трката во слалом во алпско скијање. Французинот по првата трка беше шести, но стигна до златниот медал со време од 1:44,09 минути. Јоханес Штролц од Австрија дојде до среброто со 61 стотинка заостанување зад победникот, додека Норвежанецот Себастијан Фос-Солеваг беше бронзен.
САД имаа еден-два победа во слободно скијање во дисциплината слоупстајл. Златото го освои Александер Хол, а среброто му припадна на Николас Гепер. Третото место му припадна на Швеѓанецот Јеспер Тчадер.
Шведската штафета славеше на четири пати по шест километри во биатлон на Олимписките игри во Пекинг. Лин Персон, Мона Броросон, Хана Еберг и Елвира Еберг славеа со време од 1:11:03,9 часа. Со 12 секунди заостанување среброто им припадна на Русинките, додека со медал се закитија и Германките, кои заврши како третопласирани.
Репрезентациите на Германија во женска конкуренција и на Норвешка во машка стигнаа до златото во тимскиот спринт класик во крос-кантри. Норвежаните славеа со време од 19:22,99 минути благодарение на Ерик Валнес и Јоханес Клебо, кој стигна до својот четврти медал на Игрите. Среброто им припадна на Финците, а на подиумот се искачија и Русите.
Во женска конкуренција, Катарина Хенинг и Викторија Карл имаа време од 22:09,85 минути и за само 17 стотинки беа подобри од Швеѓанките. Бронзата им припадна на руските репрезентивки.
Гвангпу Џи на голема радост на домашната публика победи во скијање слободен стил ериалс. Кинезот собра129 поени, а на подиумот имаше место и за Украинецот Олександр Абраменко и Русинот Илија Буров.
Во брзо лизгање на кратки патеки денеска беа доделени медали во две дисциплини. На 5.000 метри штафета во машка конкуренција, славеше селекцијата на Канада пред Кореја и Италија. На трката на 1.500 метри во женска конкуренција, златото го освои Корејката Минјеонг Чои, сребрена беше Аријана Фонтана од Италија, а бронзта отиде во рацете на Сузан Шултинг.