Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Новиот бран од пандемијата со коронавирусот стивнува, освен кај децата

Втора недела по ред генерално се подобрува епидемиолошката состојба со Ковид-19 во земјава со намалување бројот на новозаболени, но не и кај децата на училишна возраст. Во изминатите седум дена бројот на новозаболени деца од 0 до девет години е зголемен за 39,5 проценти, додека кај тие од 10 до 19 години за дури 47,6 проценти. Неделата претходно зголемувањето во првата група бил за 21 процент, додека за повозрасната, 16,5 проценти. Сепак, здравствените власти велат дека нема простор за загриженост и засега нема препорака за префрлање на он-лајн наставата.

Координаторите во училиштата се во секојдневна комуникација со епидемиолошките служби. Ние не мора да чекаме вторник да ако се случи поалармантна некоја состојба. Можеме да реагираме брзо и се разбира дека доколку имаме проценка дека се работи за влошување на епидемиолошката состојба сериозно, ќе реагираме веднаш, рече Александар Петличковски, претседател на Комисија за заштита од заразни болести.

Петличковски притоа побара стриктно придржување до протоколите за одвивање на наставата со физичко присуство во училиштата, а родителите ги повика да ги тестираат своите деца.

За таа намера отвораме неколку дополнителни пунктови за тестирање. На приемер во Скопје од денес веќе се пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар активни за закажување на термини и во овие пунктови може да се закажуваат тестирањата за ковид преку матичен лекар. Дополнително планираме отворање на пунктови, оние кои беа активни наназад во пандмеијата, тоа се пунктовите во центрите за јавно здравје, информираше Петличковски.

Колкав е опсегот на распространетост на вирусот кај децата на школска возраст ќе покаже и скринигот меѓу учениците, за кој Комисијата денеска донела одлука да почне да се подготвува, а кој треба да почне најдоцна до петок.

Методологијата е, како што кажав, утврдена. Бројката која што се однесува на деца кои што би биле тестирани не би требала да биде поголема од 2.000 и се смета дека перидото за којшто треба да бидат завршени сите процедури во тој скирнинг, не би требало да бдие подолг од една недела, рече Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заштита од заразни болести.

Новина кај овој скрининг меѓу учениците е тоа што ПЦР тестот нема да им се зема во училиштата, туку тие ќе бидат повикувани да дојдат во некој од постојните пунктови за тестирање.

Комисијата денеска упати предлог и апел и до уште еден сегмент од образованието – факултетите – наставата да ја продолжат со физичко присуство, за што ги повика аи професорите и студентите да се вакцинираат.

Повик за вакцинација Петличковски упати и до сите кои до сега не го напарвиле тоа, но и до оние кои се вакцинирани само со две дози да примат и трета. Тој како аргуемент за тоа го наведе податокот дека најголем број од смртните случи поради Ковид-19 се кај невакцинираните или нецелосно вакцинираните, но и кај оние кои примиле две вакцини пред повеќе од шест месеци.

Инаку од Комисијата денеска информираа дека е направено секвенционирање за утврдување на сојот на коронавирусот кој е застапен кај заболените и од 43 примероци, во 90 проценти се покажало присуство на „омикрон“ сојот, додека само во 10 проценти се уште е присутен „делта“ сојот на корона вирусот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе