Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Кочани порача дека тие нема да почитуваат ,, шверцерски,, договор со Бугарија со кој се прави штета на националните интереси.Повторно повика на обединување. Отсуството на единство за важните прашања е нов пораз за Македонија а спорот со Бугарија останува отворен и продлабочен, рече Мицкоски.
Од друга стана пак во Владата оптимизам дека спорот може брзо да се реши а се очекува и интензивирање на разговорите со Софија.
Франција сака да биде информирана за дијалогот и взаемните посети на Скопје и Софија кои се одвиваат на високо ниво. Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер очекува позитивен дијалог и вистински напредок за сите отворени прашања од што би зависело отворањето на претпристапните преговори.
Бомгартнер порача координацијата со европските институции е обра и теие се информирани за секоја средба на двете држави.
Јулијана Пешевска