Се намалува бројот на заразени и починати од ковид на неделно ниво, покажува извештајот на институтот за јавно здравје за периодот од 7-ми до 13-ти февруари.
Во овој период, бројот на смртни случаи е намален за третина, во однос на неделата претходно. Најмногу починати, над 97 насто, се над 60 години.
Има 13 насто помалку заразени, споредено со неделата претходно. Најмногу заразени се регистрирани кај луѓето над 60 години и кај оние од 40 до 49 години.
Најмалку заразени има меѓу децата до девет години. Намалување има и кај бројот на реинфекции, односно за речиси осум насто помалку, во однос на неделата претходно.
Во меѓувреме, од ИЈЗ потврдија дека кај тројца пациенти е детектирана подваријанатат на омикрон, позната како стелт, која не дава потешка клиничка слчика, но се шири за 30 тсто побрзо од омикрон сојот.