Вести Македонија Топ вести

Денеска пресуда за велешанката која во самоодбрана го уби насилниот партнер

Денеска  судот во Велес ќе ја донесе пресудата за Павлинка Иловска која се товари за убиство на миг. Случај кој ја потресе јавноста, откако се дозна дека таа била малтретирана од својот партнер, и на кој во миг на самоодбрана, му нанела фатална рана со нож.

Вчера се одржа првото рочиште за овој предмет, се изведоа доказите, а беа дадени и завршни зборови. Иловска рече дека не се чувствува виновна. Обвинителката повтори дека Иловска се товари за кривичното дело „убиство на миг“, но побара Судот да ги земе предвид и олеснителните околности и тоа што обвинетата е младо лице, не е осудувана во минатото и повеќе години трпела семејно насилство од оштетениот.

Одбараната смета дека 23-годишната Иловска треба да биде судена за нужна одбрана, односно дека убиството го направила во самоодбрана.

Во одбрана на Иловска веќе застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело, направено во самоодбрана, а не убиство на миг кое препишува затворска казна од една до пет години.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе