Вести Македонија Топ вести

Скопје и Софија издвоиле кое од политичките прашања им е најбитно

Македонија и Бугарија дефинирале кое прашање и е најбиртно на секоја од нив од пакетот политички прашања за кои преговараат. Ова е исходот од првото во детали соочување на преговарачка маса на позициите на двете земји, што се случи на техничко ниво во Софија во четвртокот. Иако на првата средба немало поместување на позициите на ниедна од страните, кои остануваат различни, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, со став, дека самото дефинирањето на клучните теми како за Скопје, така и за Софија, е исчекор.

„Нашата позиција е јасна, што е најважното прашање, и го кажуваме секој пат и ќе го кажам и сега. Тоа е се идентитетските прашања во преговарачката рамка како европски решенија. За нив е прашањето на бугарската заедница во Северна Македонија и тоа веќе го идентификува, на некој начин, патот по кој треба да се движи овој процес“, рече Османи.

Османи во тој контекст повлече паралела со спорот со Грцији велејќи дека кога било утврдено кои се најважните позиции на секоја од земјите, дало шанса да биде постигнато решение.

Османи директно не одговори дали впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав како најбитно прашање за Софија истовремено значи дека таа се повлекла од позицијата на дефинирање на македонската нација и јазик како вештачки создадени.

„Би било некоректно доколку јас кажам која е бугарската позиција на било кое од овие прашања. Тоа што можам да кажам е дека промената на фокусот од првичниот во сегашниот, а тоа е признавање на бугарско малцинство, различно од македонското мнозинство, е правиот пат низ кој што треба да се води овој процес. Но на прашањата кои што вие ги зборувате, да се редефинираат до 4194 – 1945, ние таква дебата не сме прифатиле“, рече Османи.

Османи денеска пред новинарите најмногу одговараше на прашања за нереципрочниот однос во реакциите на двете страни околу сензитивните теми, при што му беа посочени низата од реакции од Бугарија на средбата на претседателот Стево Пендаровски со Македонците од Бугарија, додека за средбата на Бугарите од Македонија со бугарскиот државен врв и постојаното негирање на Софија дека Македонци во Бугарија постојат, остануваа без реакција. Османи на ова одговори дека целта не е да се покаже кој е погласен и да ескалираа состојбата со Бугарија, туку обратно.

„Е за тоа ми треба малце повеќе мудрост во делувањето, отколку емоции“, рече тој.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе