Вести Македонија Топ вести

Кумановци вознемирени поради присуството во градот на припадници на еврејска религиозна група

Секторот за внатрешни работи Куманово ја смирува јавноста во градот дека групата лица забележана во Куманово се всушност припадници на Еврејската верска заедница, кои ги почитуваат законите и имаат легален престој во земјава.

Овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Во групата има Американски, Канадски, Белгиски и граѓани од Јужна Америка, тие имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Републиа Северна Македонија. Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да  ја напуштат нашата држава.

СВР Куманово ги информира граѓаните на Куманово дека наведената група не претставува никаква опасност и апелира на толеранција и солидарност кон истите.

Соопштението на кумановската полиција доаѓа откако на социјалните мрежи се појави лавина реакции на вознемирени граѓани поради необичното однесување на членовите на групата.

Станува збор за радикална фундаменталистичка еврејска секта, наречена Лев Тахор, формирана кон крајот на 80-те години на минатиот век во Израел. Групата ја следат контроверзии  и постојано е во движење, односно до сега била приморана да напушти повеќе земји, почнувајќи од Израел па САД, Канада и Мексико, каде што нејзиниот основач, Шломо Хелбранс, се удавил во река извршувајќи обред на прочистување.

Една од причините поради кои групата постојано се сели, е тоа што често пати се обвинувани за лош третман кон децата и жените приврзаници, односно на групата ѝ се припишуваат низа киднапирања на деца, особено девојчиња и нивно присилно мажење со многу постари следбеници на сектата.

Ова е култ кој што ги заробува своите членови во нехумани услови. Верниците страдаат, особено жените и децата. Тие бегаат од една држава во друга за да ги избегнат законите кои ги штитат детските права, тврди професорката на Универзитетот во Пенсилванија,Марси Хамилтон и изршен директор на организацијата ChildUSA.

Американските власти водат неколку постапки против членови на сектата, а минатата година  беа осудени за обид за киднапирање водачот на сектата, Нахман Хелбран, син на основачот Шломо Хелбранс, и уште едно лице.

Американското министерство за правда, во соопштение објавено минатата година, тврди дека малолетни девојчиња биле присилно мажени со многу повозрасни членови на сектата и од нив се очекувало да имаат сексуални односи со своите сопрузи и да раѓаат деца во домашни услови, наместо во болница. Ако дојдат во контакт со лица надвор од сектата, тие требало да се претставуваат дека се повозрасни и да негираат дека се во брак

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе