Вести Македонија Топ вести

11 возила за превоз на ученици биле неисправни, полициска контрола на безбедноста во ученичкиот превоз

Без маски, без соодветни дозволи, со технички неисправности или со боксирач во школски ранец, десетици прекршоци се откриени за време на вчерашната контрола во возила кои вршат превоз на ученици.

МВР соопшти дека 11 возила се исклучени од сообраќај, а извршени се контроли на вкупно 249 возила за ученички превоз низ целата држава:

-Вчера (11.02.2022) во периодот од 12.00 до 15.00 часот, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведоа заедничка координирана акциска контрола на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.

Притоа биле исконтролирани 249 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 102 локации, при што биле констатирани 8 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација, и 48 прекршоци, од кои 29 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 16 од Законот за возила, 3 од Законот за заштита на населението од заразни болести и сл. Во станица за технички преглед биле упатени 41 возило, а од сообраќај биле исклучени 11 возила кои вршат јавен превоз поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 277 полнолетни средношколци, а извршени се 2.211 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик.

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе