Вести Македонија Топ вести

Нема консензус за Изборен законик, ВМРО-ДПМНЕ ги повика малите партии да ја напуштата владината коалиција

Рокот од 15 дена помина, а измените на Изборниот законик не влегоа на комисиска расправа. Нема консензус за една изборна единица. И покрај декларативната заложба на најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кај партиите од албанскиот блок нема согласност за измени во бројот на изборните единици. ДУИ и БЕСА бараат три, а Алијанса за Албанците дури 8 изборни единици кои ќе се поделат според економските зони.

Малите партии од понеделник ќе седнат на заедничка маса и ќе ја договараат натамошната стратегија. ВМРО-ДПМНЕ ги повика да останат доследни на претходно кажаното дека доколку не се усвојат новите изборни правила, тие повеќе нема да даваат поддршка на владејачкото мнозинство.

СДСМ смета дека сите измени на Изборниот законик треба да се донесат со консензус низ отворен и инклузивен процес со сите политчки партии.

ВМРО ДПМНЕ ги лаже помалите политички партии, ги лаже и граѓаните. Токму оваа партија со илјадници амандмани блокираше воведување на една изборна единица и не дозволи предлогот воопшто да биде предмет на расправа во Собранието, велат од владејачката партија.

Минатата недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оствари серија состаноци со малите политички партии, но не се сретнаа  со СДСМ и ДУИ. И покрај некои различни ставови, сепак  побараа да се отвори дебата за Изборниот законик во Комисијата за политички систем и да се одржи јавна расправа.

Премиерот Ковачевски на неколку наврати рече дека за ова прашање треба да одлучуваат работни групи, но тие до сега сѐ уште не се формирани. Со измените на Изборниот законик се предлага Македонија да биде една изборна единица, без изборен праг со рамноправна застапенсот на жените на Изборните листи.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе