Легендарниот американски спринтер Џастин Гетлин објави дека на почетокот од петтата деценија во животот се повлече од атлетските патеки.
Олимпискиот шампион од Атина во 40-тата година од животот реши да ја заврши кариерата која беше одбележана со низа допинг афери, но и извонредни резултати во скоро две децении настапи на големата сцена.
Гетлин на големите натпреварувања освои вкупно 20 медали од кои девет златни. Освен трофејот во 2004-тата тој во својата колекција има уште две сребра и бронзи, а на Светските шампионати има вкупно 100 трофеи од четири се најсјајни, а шест пати се искачил на второто место на подиумот.
Во текот на кариерата на два пати беше суспендиран поради користење допинг и четири години беше надвор од атлетската патека.
Најголемиот триумф во кариерата му е златото на Мундијалот во Лондон пред пет години кога во финалето беше побрз од светскиот рекордер Усаин Болт.