Македонската нордијка Ана Цветановска ги заврши настапите на Зимските олимписки игри во Пекинг откако го освои 95.место од вкупно 98 натпреварувачи на трката на десет километри крос кантри.
Нашата натпреварувачка оствари време од 39:57,7 минути и беше подобра само три ривалки. Со оваа трка тааа го заокружи својот настап на Игрите. Беше пријавена во две дисциплини, но не настапи на трката два пати по 7,5 километри откако ИОК реши да го скрати списокот на натпреварувачки поради многу пријавени.
Денеска триумфираше Терезе Јохауг од Норвешка, која го освои својот втор златен медал во Пекинг. Втора финишираше Керту Нисканен од Финска, која задоцни само четири десетинки, а бронзата и припадна на уште една натпреварувачка од Финска Криста Пармакоски.