Седум илјади домаќинства со ниски примања ќе добијат финансиска помош од Министерството за економија во висина од 600 или 800 денари за да ги покријат дел од сметките за стауја.
Досега во министерството се пристигнати 6.500 барања а министерот Крешник Бектеши е убеден дека квотата ќе биде исполнета.
За оваа мерка се предвидени 60 милиони денари како помош. Иако листите ќе се објави во март, тие ќе важат и за јануарските и февруарските сметки.
Финансиската помош е во висина од илјада денари за 36 илјади домаќинства и 9.500 пензионери за покривање на сметките струја и парно.