Двајцата струмичани коишто полицијата ги фати како пренесуваат дрога кај Ресен добија 30 дена притвор. Битолското јавно обвинителство нареди да се спроведе истражна постапка против нив, под сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Во вторинкот вечерта, полицијата ги фати како со автомобил шкода октавија со скопски регистарски таблички пренесуваат околу 50 килограми марихуана, вредна 200 илјади евра. Според првичните информации марихуаната ја пронашла полицијата при преглед на возилото. Засега не се знае од каде е набавена дрогата која била спакувана во 47 најлонски пакувања.
На двајцата струмичани обвинителството им одреди мерка притвор поради опасност од бегство за избегнување на кривично гонење.
Истата вечер, на 8 февруари во полициска акција во струмичко, полицијата заплени еден ипол тон непријавена марихуана од фирма којашто се бави со производство на канабис за медицински цели. За овој случај се уште нема кривични пријави. Обвинителството ќе истражува и дали постои поврзаност помеѓу двата случаи што ги открија полициските служби на Струмица и Ресен.
Сузана Мицева