Останато Спорт

Преглед на настаните на ЗОИ во Пекинг

Американецот Нејтан Чен го освои златото во уметничко лизгање поединечна конкуренција. Тој во кратката програма освои светски рекорд од 113,97 бодови, а во слободната програма стигна до 218,63 бодови. На подиумот друштво му прават двајца Јапонци, Јума Кагијама и Шома Уно.

Клои Ким од САД славеше во сноуборд халфпајп. Таа освои 94 бодови и успеа да го одбрани златото од пред четири години. Кералт Кастелјет од Шпанија беше втора, додека трета беше Сена Томита од Јапонија.

Австриецот Алесандро Хемерле дојде до златото во сноуборд крос. До победата дојде со фото-финиш пред Елиот Грондан од Канада, додека третото место го освои Омар Висинтин од Италија.

Во скијање во алпска комбинација триумфираше Јоханес Штролц од Австрија со вкупно време во трките во спуст и слалом од 2:31,43 минути. Втор беше Норвежанецот Александер Амод Килде, а бронзата му припадна на Канаѓанецот Џејмс Крафорд.

Селекцијата на САД го освои златниот медал во тимското натпреварување во микс во скијање слободен стил. Ешли Колдвел, Кристофер Лилис и Џастин Шенефелд освоија вкупно 338,34 бодови и ги победија селекциите на Кина и Канада до златниот медал.

Ирене Шутен го освои златото во брзо лизгање на 5.000 метри. Холанѓанката постави нов Олимписки рекорд со 6:43,51 и триумфираше пред Канаѓанката Изабел Вајдеман и Мартина Сабликова од Чешка.

Германската репрезентација во санкање го освои златниот медал во штафета на Зимските Олимписки игри во Пекинг.

Ова е трето злато по ред за Германија во штафета, а интересно е тоа што за сите денешни натпреварувачи ова беше второ најсјајно одличје на Игрите. Во машка конкуренција настапи Јоханес Лудвиг, кој пред неколку дена го освои златото во индивидуална конкуренција, како и Натали Гајзенбергер, а во двојки беа и вчерашните победници Тобијас Вендл и Тобијас Арлт.

Зад Германија финишираа селекциите на Австрија и Летонија, кои мораа да се задоволат со среброто, односно бронзата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе