120 милиони евра досега се префрлени на ЕСМ за справување со енергетската криза како и кризата со снабдевањето со парно.
Но, со последните одобрени 47 милиони евра вкупната сума со која ќе располага државаната компанија е 170 милиони евра.
Со овие пари ЕСМ треба да купува струја од слободниот пазар, да набавува јаглен, да ги покрива загубите на МЕПСО.
ЕСМ има приходи од МЕПСО и од БЕГ, во април ќе се направи баланс од средставата за да се прецизира колку средства трансферирани од Буџетот ќе бидат вратени назад.