МВР поднесе кривична пријава против возачот на министерот Бесими кој завчера предизвика сообраќајна незгода на крстосницата пред Владата.
Тој ќе одговара за кривичното дело загрозување на безбедноста во сообраќајот каде максималната казна е три години затвор.
Истрагата потврди дека службениот возач на Бесими, поминал на црвено светло на крстоницата.
Незгодата се случи околу 19 часот кога службената шкода октавија се заби во две возила, џип киа и автомобил фиат.
Министрите Бесими и Бектешки кои беа во возилот минаа неповредени исто како и возачите на другите две возила.