Вести Економија Македонија Топ вести

Уште 47,15 милиони евра од буџетот за купување струја, ЕВН доби грејс период до јули за долгот кон државни електрани-  нови одлуки на владата за енергетската криза

На денешната 11-та седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлуката за одобрување финансиски средства во износ од 2,9 милијарди денари на АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија, соопшти владината прес служба.

Парите околу 47.154.000 евра, ЕСМ ќе треба да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија.

На оваа своја седница Владата одобри АД Електрани на Северна Македонија да ја спроведе постапката за продолжување на рокот на доспевање на фактурите за испорачана електрична енергија за декември 2021 година и за јануари 2022 година, од ЕВН АД до 01.07.2022 година.

Во врска со ова, Владата го задолжи АД ЕСМ да склучи Анекс на договорите со ЕВН со кој на дистрибутерот на електрична енергија ќе му се овозможи одложено плаќање на доспеаните фактури за декември 2021 и за јануари 2022 година, со соодветна гаранција во висина на износот на фактурите за кои се продолжува рокот на плаќање.

Вчера ЕВН-Македонија (во сопственост на австриската компанија ЕВН) побара одложено плаќање на своите долгови.

Владата ги прифати и заклучоците на Министерството за финансии со кои се задолжуваат буџетските корисници од централната власт, во најкраток временски рок да ги подмират заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и во утврдените рокови да ги плаќаат фактурите за испорачана електрична енергија.

За подмирување на заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и плаќањето на фактурите за испорачана електрична енергија е донесена препорака до единиците на локална самоуправа и институциите во нивна надлежност, како и за јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе